Љупчо Ристовски: Ги повикувам сите Македонци по крв, по род и по самосвест да започнат со следново

Повик на лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски..

Ги повикувам сите Македонци по крв, по род и по самосвест да започнат, секој индивидуално, со следново:

Сите називи на ваши фирми, невладини, разни приватни организации, институции, друштва да ја внесат придавката МАКЕДОНСКИ/ MACEDONIAN.
Да отпочнеме масовна операција, секаде каде што ќе се свртите, на секоја продавница или канцеларија да стои натпис покрај вашето лого и назив: Македонско…Macedonian ( Macedonian shops, Macedonian restaurants, Macedonian business, Macedonian brand, Macedonian company, Macedonian NGO etc.)
Секој кој може да отпечати налепници со шеснаесто кракото сонце од Кутлеш или да го изгравира на метална значка во боја тој наш македонски национален симбол, како и разни други иновативни идеи поврзано со придавката “македонски/macedonian”, со македонската национална симболика, со се изворно и исконско македонско.
Дијаспората да формира насекаде низ светот Македонски национални стратегиски совети и да започнеме одново и партнерски да ги градиме врските со татковината на основа на единство и сплотеност врз безвремената македонска идеја. Да го отфрлиме од македонското национално ткиво секој болен елемент кој сее раздори помеѓу браќа и кој работи за “туѓи бели дворови”.
Секој кој може финансиски да поддржи една ваква масовна операција, особено крупните бизниси и дијаспората да се вложи целосно во процесите.

Запамтете, визуелниот ефект на неуро маркетингот има огромна моќ. При грмотевица, прво окото реагира и прво сликата се гледа. Звукот или зборот доцни во умот на човекот. Затоа да стане ВИДЛИВО ЗА СЕЧИЕ ОКО македонското/ the macedonian…

Ајде сите заедно, партнерски и во полн личен лидерски капацитет да пратиме моќен одговор на безвернициве, безрбетнициве кои ни брцаат во зеницата на најсветото ни чувство на етничка македонска идентитетска припадност и определба.

Ајде да покажеме и докажеме на светот дека не има, дека воскреснуваме сплотени и моќни повеќе од било кога досега…

Македонци од Македонија, Македонци од Пирина, Беломорието егејско, Македонци од светот, браќа и сестри Македонци подадете си рака едни на други, прекинете секакви делби и раздори едни со други, сплотете се како никогаш досега, обединете се под крепката рака Божја во името Христово, бидете цврсти и храбри, непокорни кон никого, горди и достоинствени, силни како нашите славни претци низ големата ни наша историја, Македонци браќа и сестри бидете ЕДНО, дишете, мислете и делувајте како ЕДНО во тело, срце и душа и со сето срце, душа и разум како за Господа.

Ајде…главата горе! Нема попуштање во нашиот пркос, порив и ревност за Македонската идеја, Македонци мои, браќа и сестри.

СПОДЕЛУВАЈТЕ МАСОВНО…

И НЕКА Е БОГ СО СИТЕ ВАС.
БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И ВАС ДРАГИ МОИ МАКЕДОНЦИ КАДЕ И ДА СТЕ…



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top