Локални избори, ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите

Коце Трајановски и официјално е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат во Скопје..

Од партијата објаснуваат дека не сакаат да ризкуваат со друго решение зашто Трајановски бил фаворит во главниот град. Во неколку општини ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со актуелните градоначалници – во Прилеп, Демир Капија, Вевчани. Во Ѓорче Петров кандидат е поранешниот министер Владо Мисајловски. Во Тетово и во Гостивар ВМРО-ДПМНЕ ќе ги кандидира Горан Манојловски и Дафина Стојановска.

СДСМ објави дека Петре Шилегов ќе го кандидира за прв човек на Скопје. Владејачката партија ја комплетираше листата за повеќето скопски општини: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Кисела Вода.

Од албанските партии официјално се уште нема нови кандидатури. Во ДУИ велат дека не пресекле за конкретни имиња. Од ова партија официјално се само кандидатот за Студеничани Фехми Јонузи, Висар Ганиу за Чаир и Фатмир Дехари за Кичево. Неофицијално за Тетово и Гостивар ДУИ ќе се тркаат актуелните градоначалници, Арифи и Бејта, а поранешниот министер за правда, Блерим Беџети е најсериозен кандидат за Сарај. И од Беса велат дека продолжуваат со консултациите. Според нашите извори претседателот на партијата, Билал Касами ќе биде кандидат за Тетово, а за Гостивар се спомнува името на Асаф Адеми.

Од Алијансата за Албанците досега официјализиран е само Арбен Таравари за Гостивар. Алсат М дознава дека Меџит Имери ќе биде кандидат за Студеничани. Од ДПА се уште без конкретен кандидат. Единственото име кое се спомнува е Беким Фазлиу за можен кандидат за општина Сарај.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top