Локални избори во Русија - тест за власта на Владимир Путин

Гласачите во Русија излегоа денеска на избирачките места на локални избори во повеќе десетици места кои се сметаат како голем тест за владеачката партија на Владимир Путин, Обединета Русија..

Речиси 160 000 кандидати се борат за места во локалните парламенти а во многу региони се бираат и гувернери.

Изборите се случуваат само неколку недели по сомневањата за труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални со отровото Новичок.

Неговите сопартијци тврдат дека тоа е направено по наредба на претседателот Владимир Путин иако официјален Кремљ негира каква било вмешаност.

Навални, чија здравствена состојба се влоши на 20-ти август, сега се лекува во Германија.

Во кампањата за локалните избори,Навални на своите подржувачи им порача дека единствен приоритет за нив е поразот на кандидатите на обединета Русија, која ја опиша како партија на крадци и криминалци.

Навални и неговите сопартијци, на овие избори побараа ткн тактичко гласање од своите подржувачи и поддршка за кандидатите кои имаат најдобри шанси да ги поразат кандидатите од партијата на Путин.

Во некои места тоа се луѓето поврзани со Навални, но во други региони, тоа се кандидати на комунистичката партија или националистите.

Ова се првите избори откако контроверзните уставни реформи беа одобрени на референдумот во јули, со кои на Путин му се овозможува да остане на власт до 2036-тата година.

Иако на 11-ти и 12-ти септември, државната изборна комисија овозможи рано гласање, денеска своето избирачко право може да го искористат десетици милиони милиони Руси, во 11 временски зони, на повеќе од 56 000 изборни места.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top