Лопетеги со објаснување зошто нема да го пушти Модриќ во Интер

Новиот предводник на Реал Мадрид, Жулен Лопетеги по натпреварот со Јувентус даде одговор на прашањето кое беше главна тема овие денови низ медиумите во Италија и Шпанија..

Шпанецот потврди дека Лука Модриќ кој се поврзува со трансфер во Интер нема да се пресели во Италија и дека ќе остане во таборот на „Кралевите“.

-Мислам дека претседателот Перез објасни се, мислам дека тука нема многу што а се додаде. Беше краток и јасен.  Лука Модирќ е неверојатен играч и го чекаме со раширени раце. Зборував со Модриќ по неговото одлично Светско првенство. Што му реков кога се слушнав е наша приватна работа, но можам да кажам што чувствувам, тој  е играч кој сакам да го гледам и возбуден сум што го имам во тимот. Модриќ е наш играч, имавме прилика да уживаме во неговите игри и ќе уживаме и понатака- коментираше Лопетеги.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top