Лоши вести за Интер, Јунајтед е без милост, пропадна трампата со Арсенал

Интер и понатаму не успева да тргне напред во преодниот рок..

Нема договор помеѓу Интер и Јунајтед, двата клуба денеска одиграа пријателски меч, но не ги приближија своите ставови. Разликата е огромна, Интер нуди 60 милиони евра, Јунајтед бара 85, не прифаќаат ни плаќање во рати, па не е јасно како клубовите ќе најдат одговори.

Лукаку не играше, тој сака да се пресели во Интер, но како и Погба, има цена која никој не сака да ја плати.

Солскјер тврди дека Лукаку е полесно повреден, па затоа не беше во тимот, но медиумите шпекулираат дека Јунајтед има намера да го продаде, но никако под цената.

Од друга страна Интер се обиде да го замени Икарди за Обамејанг и секако да му доплати на Арсенал, но Аргентинецот одби да размислува за преселба во Премиер лигата. Тој, како што велат во Италија, ќе го чека последниот момент за да се пресели во Јуве.

Треба да се каже и тоа дека Конте е мошне нервозен бидејќи нема напаѓачи, дека повторно ќе разговара со челниците, се очекува Интер следната недела да го доведе Џеко, но тоа не е доволно, Конте го бара Лукаку.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top