Луди каталонци: Барса го откачила Мбапе во текот на летото

Раководството на Барселона, нејасно од кои причини, ја отфрлила можноста во текот на летото да го донесе во своите редови најдобриот млад фудбалер во светот Килијан Мбапе..

Играчот на ПСЖ им бил понуден на „каталонците“, но челниците не сакале ниту да почнат преговори.

„На 5 август го понудив Мбапе на Барселона. Понудата беше игнорирана и сега мислам дека оваа грешка ќе ја прогонува Барса во следните 10 години. Мбапе многу сакаше да игра со Меси“, изјави фудбалскиот агент Жосеп Марија Мингела преку кој требало да оди трансферот.

Не само што е најдобар млад фудбалер во светот, туку Мбапе е еден од најдобрите фудбалери воопшто во моментов. По триумфот на Светското првенство во Русија, тој фантастично ја почна сезоната постигнувајќи 13 гола во дресот на ПСЖ. Барселона најрано идното лето ќе мора да бара нов напаѓач бидејќи Суарес тогаш ќе има 32 години, а и самиот најави дека неговото време полека поминува.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top