Лудница на Маракана, Баерн даде 7 во Лондон

Црвена Звезда предизвика лудило кај своите навивачи откако успеа да дојде до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона..

На домашен терен го совлада Олимпијакос со 3-1 и остана во игра за пласман во нокаут фаза од елитното натпреварување. До големиот триумф Звезда стигна со пресврт бидејќи по првиот дел Олимпијакос водеше со голот на Семедо.

Клучен момент на мечот беше исклучувањето на гостинскиот фудбалер Бензиа во 58. минута. Неколку минути подоцна Вулиќ израмни на 1-1, а во последните три минути белградскиот тим постигна уште два гола, преку Милуновиќ и Боачи.

Второто коло во Лигата на шампионите го одбележа убедливата победа на Баерн на гости кај Тотенхем со 2-7. Ѕвезда на вечерта беше Серж Гнабри кој постигна четири гола, два додаде Левандовски, а уште еден Џошуа Кимич.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top