Лудница пред очите на Пандев: Навивач падна од трибина!

Ужасна сцена се случи вечерва на натпреварот меѓу Џенова и Фиорентина во рамките на второто коло од Серија А..

Мечот беше накратко прекинат откако еден навивач на домашниот тим падна од трибина и доживеа тешки повреди. 

Мораше веднаш да му биде укажана лекарска помош, а несреќниот човек итно беше префрлен в болница.

Засега нема официјални информации во каква состојба се наоѓа навивачот. Џенова победи со 2-1, а Пандев ги одигра последните шест минути, плус судиското надополнување.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top