Луис Енрике: Требаше да направам убиство на полувреме!

Селекторот на Шпанија не беше воодушевен од изданието на своите избраници вечерва во дуелот против Англија која победи со 3:2..

Забелешките на Луис Енрике одат до таа мера што тој самиот рече дека бил премногу фин со своите избраници на полувреме, бидејки во спротивно, требало да ги убие сите до еден.

„На полувреме бев навистина добар со играчите, но нормална работа ќе беше да ги убијам сите до еден. Наместо тоа, јас им реков да се поправат и да дадат се од себе во вториот дел“.

„Јас како селектор мора да признаам дека во првиот дел бевме многу лоши, ужасни. Првиот гол не уби, а по индивидуалните грешки Англија поведе со 2:0“, порача Енрике.

Шпанија постигна втор гол во 90+, но тогаш веќе беше предоцна, а доколку имаше уште некоја минута, натпреварот ќе влезеше во пеколна завршница за 3:3.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top