Луис Суарез не сака да игра пријателски натпревар

Суарез и неговото заминување од Ливерпул е актуелно цело лето и тој сега се повикува на џентлментскиот договор со клубот, доколку стигне понуда од тим што игра во Лигата на шампионите и е поголема од 35 милиони фунти, тој да добие исписница од „црвените“..

Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез ги известил првите луѓе на клубот од Енфилд дека нема да настапува на пријателските натпревари до почетокот на сезоната бидејќи е одбиено барањето за трансфер во Арсенал. Суарез и неговото заминување од Ливерпул е актуелно цело лето и тој сега се повикува на џентлментскиот договор со клубот, доколку стигне понуда од тим што игра во Лигата на шампионите и е поголема од 35 милиони фунти, тој да добие исписница од „црвените“. Ваков договор паднал минатото лето кога Суарез го продолжи договорот со Ливерпул.

Арсенал понуди 40.000.001 фунти, што значи дека според важечкиот договор на Суарез може да се активира откупната цена, која ја минува сумата од 40 милиони фунти. Тимот од Лондон понуди една фунта повеќе, но во Ливерпул се повикуваат на тоа дека тие се само обврзани да го известат играчот дека за него постои интерес, но не и да го продадат.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top