Луиз по вторпат го напушта Челзи и заминува кај двајца свои соиграчи од репрезентацијата

Се чини деновите на Давид Луиз како играч на Челзи се одбројани, а како потврда за ова е изоставувањето на дефанзивецот од мечот со Манчестер Јунајтед..

Медиумите од островот откриваат дека Бразилецот заедно со своите агенти веќе има отпочната преговори за заминување од клубот, по вторпат откако претходно се пресели во ПСЖ, но по две сезони се врати на „Стенфорд Бриџ“.

Овојапт тој ќе ја напушти и Европа и ќе се пресели во Кина каде што настапуваа два репрезентативни соиграчи од селекцијата на Бразил, Оскар и Рамиреш. Еден од мотивите за трансфер во Кина е и високата плата која што Луиз ја заработува во Челзи, а која што тешко дека некој друг тим моментално во Европа е спремен да ја одвои.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top