Лук Шо најдобро знае: На кого мислеше Мурињо кога ги критикуваше играчите?

Многу пати оваа сезона Жозе Мурињо јавно ги критикуваше своите фудбалери за лошите настапи во првенството и во Лигата на шампионите..

За тоа доби низа критики од легендите на Манчестер Јунајтед кои тоа го сметаат за крајно непрофсесионално. Но, Лук Шо не се лути на неговите зборови, а знае и зошто тој го прави тоа.

„Она што го рече пред некој ден не се однесуваше на некој фудбалер посебно, туку на целата генерација фудбалери. Зборува за денешната генерација која е различна од онаа кога тој бил помлад“, изјави Шо.

Мурињо на прес конференцијата по натпреварот со Кристал Палас рече дека на фудбалерите им недостасува зрелост, дека се разгалени детишта и дека не се подготвени да преземат одговорност.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top