Лукаку доби жестока казна, во Јунајтед не знаат каде е ниту кога се враќа

Ромелу Лукаку прави се за ова лето да го напушти Манчестер Јунајтед..

Белгиецот наводно ги има договорени личните услови со Јувентус и се обидува да им „помогне“ на Италијанците да ја спуштат цената која на „Олд Трафорд“ ја бараат, а таа изнесува 85.000.000 евра – да се врати вложеното пред три години, кога силниот напаѓач пристигна од Евертон.

Оле Гунар Солскјер им даде слободни денови на своите пулени во понеделникот, што Лукаку го искористи за да отиде до дома, во Брисел. Таму тренираше со младиот тим на Андерлехт, што на никого не му сметаше, но бидејќи следниот ден не се појави на тренингот на Јунајтед, се крена сериозен проблем во клубот. Секако, тоа е уште еден од начините да ги натера челниците на англискиот клуб да попуштат во преговорите со Јувентус, со тоа што оваа „акција“ скапо ќе го чини.

Речиси сите островски таблоиди се занимаваат со таа тема и наведуваат дека Лукаку нема да може да ја избегне максималната казна поради неоправдано отсуство од тренинг, а таа изнесува 400.000 фунти, односно две негови неделни плати. За се да биде полошо за Белгиецот луѓето од клубот се обидоа да го контактираат, меѓутоа не успеале, па ситуацијата е таква што не се знае каде е, односно дали Лукаку воопшто ќе се враќа во Манчестер.

За потсетување, првата рунда од преговорите меѓу Јувентус и Јунајтед пропадна бидејќи Дибала не сакаше да се пресели на „Олд Трафорд“.

Сега се чека новиот налет на Јуве, Лукаку им дава јасни знаци дека донел конечна одлука…


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top