Лукаку имал бурна ноќ во ЛА - дури и од полиција морале да реагираат

Допрва треба Манчестер Јунајтед да го потврди вториот по големина трансфер во нивната клупска историја, доаѓањето на Ромелу Лукаку, а овој фудбалер веќе имал проблеми со полицијата вчера во ЛА..

Фудбалерот кој престојува во Лос Анџелес, каде денеска ги извршува медицинските тестови за Јунајтед, имал бурна ноќ, веројатно прославувајки го трансферот на „Олд Трафорд“, по што соседите пријавиле во полиција.

Локалната полиција неколкупати доаѓала до закупената вила во Беверли Хилс, каде Лукаку престојува со друштвото, и каде се прославувал трансферот, па новиот фудбалер на Јунајтед добил јавно предупредување, а сега ќе мора и на суд.

Целата ситуација со трансферот во Манчестер веројатно била причината за Лукаку помпезно да не биде уапсен доцна во ноќта на информативен разговор во полицијата, па сега на 2 октомври, овој фудбалер ќе мора да се појави на суд.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top