Лукаку мора да си оди од Јунајтед!

Селекторот на белгиската репрезентација Роберто Мартинес искрено го посоветува Ромелу Лукаку да си замине од Манчестер Јунајтед, за негово добро, но за доброто на клубот..

„Јасно е дека Ромелу Лукаку треба да го напушти Олд Трафорд. На него е да најде клуб што му одговара за продолжување на кариерата“, смета Мартинес.

Оваа сезона тој постигна 15 гола на 45 натпревари за Јунајтед, но во дресот на репрезентацијата изгледа сосема поинаку. За него е заинтересиран Интер, но уште нема ништо од договор за трансфер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top