Лукаку на бизарен начин се прости од Јунајтед, испрати мошне кратка порака

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку денеска го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за Интер..

Лукаку за 75 милиони евра пристигна во Интер како големо засилување, а се верува дека играчот ќе заработува околу 9 милиони евра по сезона.

Тој минатата сезона го загуби местото во Манчестер и беше јасно дека ова лето би можел да го напушти клубот. Поранешниот играч на Андерлехт, Челзи, ВБА и Евертон го избра Интер бидејќи, како што вели, тој клуб најмногу го сакал.

На Инстаграм остави проштална порака за својот сега веќе поранешен клуб, но истата беше мошне кратка, дури и бизарна.

„До сите кои се дел од Манчестер Јунајтед фала и среќно во иднина“, напиша Лукаку.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top