Лукаку открива детали од неговото сиромашно детство и бедата со која се соочувал

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку, кој синоќа на мечот против Панама во победата од 3:0, постигна два гола, смета дека многумина во неговата земја, не сакаат тој да успее..

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед беше еден од најдобрите на терен на вчерашната средба, но сепак тој тврди дека многумина не се радуваат на тоа негово постигнување.

Тие што не беа со мене кога немав ништо, тие неможат да ме разберат. Ако на некого му се допаѓа мојот стил на игра и моите успеси тоа е во ред. Но јас сакам да бидам најдобар во белгиската историја. Тоа е мојот сон и мојата цел“.

Лукаку се присети на траорните моменти од неговото детство, кога немале доста пари за живот и за она што им се случувало по домот.

Во минатото играв со голем бес, како да сакав да успеам во животот и да се извлечам од бедата. Во детството не беше се розево за мене, во станот имавме стаорци кои се шетаа насекаде, често немав и струја, неможев да гледам ЛШ и друг фудбал, беше страшно“, истакна Лукаку.

Белгија во второто коло на Мундијалот игра против Тунис.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top