Лукаку: Уште сега можам да ви потврдам кој ќе биде мојот последен клуб во кариерата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, ветува дека еден ден ќе се врати во неговиот прв клуб, Андерлехт, кој во минатото му даде шанса да направи професионална кариера..

24 годишниот играч „сонува“ да заигра повторно за Андерлехт, но тој е сега во Јунајтед, а можеби таа цел со Андерлехт повторно ќе ја оствари по десетина години.

Тој имаше добар почеток со Манчестер Јунајтед, но нешто подоцна во сезоната, тој беше се понеубедлив на терен и навивачите се свртеа против него, но тој верува дека ќе ја врати довербата на навивачите, а попатно прокоментира и за тоа како сонува повторно да игра за Андерлехт.

Моите сонови се секогаш да играм за Андерлехт. Пред крајот на кариерата, дефинитивно ќе се вратам во тој клуб, можам уште сега да ви ветам. Имав прекрасно време таму и затоа го сакам клубот“, истакна Лукаку.

Тој од Евертон се пресели во Јунајтед минатото лето во трансфер вреден 86 милиони евра.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top