Лукаревска: Жените над 60 години да работат по 6 часа до пензија

На овие избори СДСМ настапува со родово избалансирани листи и ќе обезбедиме и 40 проценти застапеност на жени на сите извршни функции кои се именуваат од страна на Владата, порача носителката на пратеничката листа на СДСМ во 2 ИЕ Сања Лукаревска..

- Во програмата нудиме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво, како и на младинското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација, ќе ги поттикнеме жените да земат активно учество во економските текови на државата. Жени работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа (ја задржуваат целата плата) до пензија – рече Лукаревска.

Лукаревска потсети дека во изминатите три години е донесен нов закон за прекин на бременоста, со кој е вратено правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top