Лукашенко: Ако некој ја нападне Русија, Белорусија влегува во војна

Доколку западните земји извршат агресија врз Русија, Белорусија ќе влезе во војна, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју за руските медиуми..

"Во случај некој да се обиде да ја нападне Русија преку Белорусија или во близина на белоруските граници, нашата армија од 60-65 илјади војници ќе влезе во војна. Според одредбите на Договорот за колективна безбедност и Договорот за државна унија, Западот е во нашата зона на одговорност", рече Лукашенко, пренесува ТАСС.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top