Мадуро: Блокадата на нафтата од Венецуела би имала катастрофални последици

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, предупреди дека блокадата на испораката на нафта од Венецуела, која е членка на Организацијата на земјите извозници нафта (ОПЕК) би имала катастрофални последици..

Мадуро зборуваше за санкциите кои САД ги воведоа на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА.

„Целосната блокада на нашата испорака на нафта би имала катастрофални економски и социјални последици“, рече Мадуро.

Тој додаде дека именувањето на новиот управен одбор на државната нафтена компанија и рафинеријата Цитго е противзаконско.

Претседателот на парламентот, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела, претходно рече дека му наложил на венецуелскиот Конгрес да почне процес со именување на нов управен одбор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top