Мадуро испрати остра порака до ЕУ: Вие сте глуви, не ја слушате вистината за Венецуела

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ја отфрли „пристрасната и идеолошка природа“ на Меѓународната контакт група која се залага во таа земја да се организираат вонредни избори..

„Венецуела го поддржува дијалоготт кој го предложија Мексико, Уругвај, Боливија и карипските земји“, рекола Мадуро на конференцијата во Каракас.

Мадуро ја обвини Европската Унија дека е глува.

„ЕУ мора да ја слушне венецуелската вистина. Ѝ рековме на Могерини и на другите државници - вие не ја слушате вистината за Венецуела, вие сте глуви. На ЕУ и одѕвони, Федерика Могерини ќе падне доколку ја слупне десничарската група од Венецуела“, рекол Мадуро.

Тој е подготвен да се одржат вонредни парламентарни избори за да се запре кризата во земјата.

„Предлагам да се одржат вонредни избори за народот да може да гласа за ново собрание кое ќе ѝ помогне на земјата и ќе допринесе за стабилизација“, рекол тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top