Мадуро нареди да се отвори границата кон Колумбија

Претседателот на Венецуела , Николас Мадуро , кој не е признат од западните земји, нареди вчера да се отвори границата кон Колумбија , што беше затворена во февруари..

Мадуро во февруари нареди затворање на границата , поради хуманитарната помош од страната на Колумбија , испратена од западните земји, кои го поддржуваат самопрогласениот претседател Хуан Гваидо.  Мадуро на почетокот на годинава нартеди затворање на границите со Колумбија и со Бразил , бидејќи претседателите на овие земји му дадоа поддршка на Гваидо.

Границата на Венецуела и Колумбија е долга 2 219 километри и на западниот дел има паркирани камиони со хуманитарна помош за населението на Венецуела , соочено со најтешката до сега криза.

При пристигнувањето на камионите со хуманитарна помош , активистите се судрија со војската и со полицијата , при што имаше двајца загинати и десетици повредени.

Околу 4 милиони Венецуелци до сега се иселиле од земјата , која во исто време е една од најбогатите со нафта на светот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top