Мајами го елиминираше Милвоки за финале на Истокот, Рокетси немаат решение за Леброн

Мајами Хит го совлада Милвоки Бакс со 103:94 и се пласираше во финалето на Источната конференција од НБА лигата..

Хит во оваа серија успеа да ги надигра фаворизираните Бакси кои без Адетокумбо не се истиот тим. Мајами најде вистинско решение за нивната игра, а така беше и во петтиот натпревар од серијата кој Хит на крајот го доби со 103:94.

Без Јанис Адетокумбо Бакс не можеа да дојдат до триумф. Тимот од Мајами беше пресилен и на крајот заслужено заминува во финалето на Источната конференција каде го чекаат подобриот од дуелот Торонто Репторс – Бостон Селтикс.

Горан Драгиќ и Џими Батлер со по 17 поени го предводеа Хит, додека на спротивната страна Крис Мидлтон уфрли 23 поени.

Треба да се истакне дека крај на својата професионална кариера стави 34-годишниот Марвин Вилијамс, кој по 15 години во НБА одлучи да се повлече.

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Хјустон Рокетс со 112:102 и поведоа со 2:1 во полуфиналната серија на Западната конференција.

Незапирлив во овој меч беше Леброн Џејмс. Тој експлодираше во второто полувреме и ги одведе Лејкерс до вториот триумф, а мечот го заврши со 36 поени, седум скока и пет асистенции. Леброн Џејмс стана најдобар во историјата, барем кога станува збор за плејоф победи и од синоќа ги има 161.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top