„Мајкрософт“ ја купува платформата „Гитхаб“ за 7,5 милијарди долари

Софтверскиот гигант „Мајкрософт“ ја купува платформата „Гитхаб“3 за 7,5 милијарди долари. Станува збор за платформа на која програмерите поставуваат кодови за програми и ги тестираат..

Платформата „Гитхаб“ е поставена во Сан Франциско во 2008 година, а од 2012 година, по првата надворешна инвестиција, почна нагло да расте. Сега има околу 27 милиони програмери од целиот свет што ја користат платформата за размена на кодови и за развивање идеи. Платформата е бесплатна за опен сорс-проекти, а некои програмери и компании плаќаат за пристап до базите со кодови.

„Мајкрософт“ соопшти дека очекува до крајот на годината да биде склучен договор со кој на „Гитхаб“ ќе ѝ плати 7,5 милијарди долари во акции.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top