Мака си има Салах: Може против сите, освен против Јунајтед!

Утре на Олд Трафорд се игра дерби дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул кој може да влијае и на борбата за шампионската титула во Премиер лигата..

Сити очекува услуга од градскиот ривал по што ќе се бори за првиот трофеј во сезоната, против Челси во Лига купот. Ливерпул се надева на добра игра на своето напаѓачко трио, но Мохамед Салах има проблем кога игра против Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“, заедно со испаднатиот Свонси, е единствениот тим од актуелниот состав во Премиер лигата против кој Салах не постигна гол откако се врати во англискиот фудбал. Одигра три натпревари, Ливерпул на нив има по една победа, пораз и реи, но египетскиот напаѓач уште го чека првиот гол.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top