Македонците настапија на Мумба парадата 2020 во Мелбурн

Секоја година на денот на трудот во Мелбурн, Викторија, се одржува најголемиот и најпосетениот Мумба фестивал.

Овој фестивал за првпат започнал да се одржува во 1955 година со цел да му се даде значајност, препознатиливост на се што го обележува овој град. 

По долги години на одржување,овој фестивал зазема важно  место во социјалната историја на градот. Трае 4 дена со над 400 разновидни претстави, активности  за деца и младинци а како круна на сите збиднувања е парадата Мумба која ја посетуваат десетици илјади граѓани. 

Денеска во Мелбурн се одржа Мумба Парада 2020 година на која продефилираа над 1.500 учесници од различни здруженија, организации и етнички групи од Мелбурн и Викторија.

Мелбурн е место каде секоја етничка заедница со својот настап го покажува своето постоење и можеме да ги видиме облечени во нивните национални облеки и обележја.

Оваа година на Мумба Парадата Македонија беше претставена од МКУД Јане Сандански од Мелбурн.

Погледнете повеќе форографии во прилог



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top