Македонците не стануваат од турски серии

Во Македонија трендот да се поминуваат по повеќе од четири часа дневно пред телевизорот расте во последниве пет години..

Македонците лани просечно гледала телевизија по 4 часа и 34 минути дневно што е на врвот од земјите во светот.

Неславното прво место со години го држат нашите соседи Србите, поради што веќе и самите си прават вицови на своја сметки и велат дека, освен што се „најтелевизични“, се и најначитани во светот - бидејќи никој како нив не прочитал толку титлови од турски серии. Американците се втори на листата, нас ни “побегнале побегнале само со две минути.

Во Македонија трендот да се поминуваат по повеќе од четири часа дневно пред телевизорот расте во последниве пет години. Најмалку сме гледале телевизија во 2008 година - 260 минути. Потоа секоја година минутажата растела, а пад има со ланските 274 минути, што е за 14 минути помалку во споредба со 2011 година.

Од 38 држави во светот, за кои IP International Marekting Committee (CMI) ги мери навиките на ТВ-публиката. За нас бронзената 2011 година веднаш зад нас биле Украинците со 286 минути, Грците со 268 минути, Хрватите со 267 минути и Романците со 257 минути. Јапонците минале по 200 минути пред телевизорот, Русите - 220, а Бугарите и Германците по 225 минути. Словенците со 186 минути се во долниот дел од оваа табела.

Од европските земји убедливо најмалку време за телевизија трошат Швајцарците од германското говорно подрачје - 137 минути и оние од француското говорно подрачје - 154 минути, како и Луксембург со 151. Швајцарците од италијанското говорно подрачје повеќе се задржуваат пред телевизорот - 172 минути, а за скандинавските земји просекот е малку над 2,5 часа.

Според последните податоци на Советот за радиодифузија, кај нас телевизија најмногу гледа населението постаро од 65 години (16,12 отсто од публиката), а зад нив се гледачите што ја поминале 40. година.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top