Македонците од Австралија го бараат Влахов-Мицов под дрво и под камен - тој се крие?

Партијата Единствена Македонија на својот Фејсбук профил објави текст и фотографии, во кои тврди дека Влахов-Мицов добил пари од Македонци од Австралија, но истите ги украл, наместо да ги инвестира за кампања референдумот да не успее..

Во продолжение целиот текст:

Кодошот Влахов-Мицов да ти бил и измамник!

Вчера се јави г-дин Илиевски нашинец од Австралија кој е во Македонија уште од референдумот и не извести дека е дојден и г-дин Илија Андонов нашинец-бизнисмен од Австралија да се видат со претседателот Бачев за потврдата дека парите што на двапати ги пуштил да помогне за референдумот, Влахов – Мицов ги украл и си ги присвоил за себе. Средбата беше договорена во 10:00 ч. во кафулето „Корзо„ кое е веднаш до партијата.

Околу 10:15 ч Влахов-Мицов е забележан како ѕирка однадвор во кафулето и Ристе Илиевски и Илија Андонов рекоа дека го повикале и него на лице место да му кажат дека е голем изманик оти ги украл парите за референдумот.

Влахов-Мицов ѕиркајќи однадвор гледа дека е тука и претседателот Бачев и му станува јасно зошто е викнат и наместо да влезе во кафулето, брзопотезно бега и залуден е повикот по него, а експресно го исклучува и телефонот. Втор ден нашинците од Австралија го бараат Влахов-Мицов под дрво и под камен да ги врати украдените пари (не заради парите, оти г-дин Илија е еден од подобрите бзнисмени) туку заради големиот револт што е излажан и краден од изманикот Влахов-Мицов.

Дури, г-дин Илија Илиевски наговести дека ќе ангажира адвокат и извршители против изманикот Влахов-Мицов кој два дена бега и се крие низ Скопје.

Се поставува прашањето, ако Влахо-Мицов ги украл парите кои биле пуштени за референдумската борба за светото македонско име, тогаш што може да се очекува од овој изманик ако утре биде на функција кога гледаме како овие од НАТО и ЕУ вршат поткупи со милиони евра!?

п.с. Откога беше разоткриен, вчера Влахов-Мицов отрчал кај Миленко и на неговиот портал напишал, внимавајте добро, му била правена удбашка местенка. Ние на ова би додале, измамникот Влахов-Мицов нека им ги врати парите на нашинците од Австралија и не прави срамови да го бркаат низ Скопје, а после нека си пишува кај Миленко приказни!

ФБ статус на Единствена Македонија


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top