Македонците од Џелонг го прославија денот на независноста на Република Македонија

И Македонците од Џелонг горди на својата нација и држава достоинствено го прославија 8ми септември - Денот на Независноста на Република Македонија.

Во весела и свечена атмосфера македонците од Џелонг 27 години независна и суверена Република Македонија.

Организатор на настанот беше општината Џелонг со поткрепа на MACO.

На свеченоста присуствуваа еминентни личности од Македонската заедница и од Австралиското општество и политика.

Пред присутните свој говор и поздравна честитка по повод независноста на Република Македонија одржа г-ѓа Лидија Нешковска, долгогодишен активист во македонската заедница и претседател на МАСО (Macedonian Australian Community Organisation).

Говор одржаа сите почесни гости и претседателот на општината Димче Стојановски. 

На свеченоста присуствуваа претседателот на Македонската заедница за Џелонг, Димче Стојановски, членот на лабористичката партија, ценетиот Ричард Марлс, почесниот Слонвенечки конзул за Викторија Еди Контељ, како и Свештеникот Отец Чедомир Илиевски.

За културната програма се погрижија најмладите од  Македонските Културно Уметнички Друштва „Бисер“ од Џелонг, „Гоце Делчев“ и „Светлост“.

Организатор на настанот беше општината Џелонг



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top