Македонците во Мелбурн ке одржат протести на 4 март 2018

Македонската заедница ќе го искаже својот револт во мирните протести во Мелбурн против промена на имато на Република Македонија, Македонскиот јазик, идентитет, Црква, култура и традиции на 4 март во Мелбурн.

Соопштение Одборот за организирање и одржување на мирните протести ја информира Македонската заедница за следното: Мирниот протест "Ние сме Македонци во одбрана на Македонија" ќе се одржи на 4 март, 2018 год.

 Зборното место за Македонскиот народ од Мелбурн и Викторија е 12.00 часот напладне во паркот Carlton Gardens, Victoria St, Carlton. 

Маршот ќе започни во 1 часот и ќе се движи по Spring St до Парламентот на Викторија.

 Апелираме до сите Македонци со своите фамилии, роднини и пријатели да го посветат 4 март за спас на името на Македонија, Македонскиот јазик, идентитет, Црква, култура и традиции. 

 Сите сме запознати дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци, најтешките денови и најголемата неизвесност да се задржи вековното име на Македонија како и идентитетот на Македонскиот народ. 

Заради забрзаните национални разнебитувања Македонија го повикува секое македонско чедо на 4 март да застани простум во одбрана на името на Македонија и нејзината биднина. 

 За Одборот Д-р Ицо Најдовски (Секретар) М-р Гоце Дуковски (Водител на Собраниата)


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top