(ВИДЕО) Македонец кандидат за пратеник во Парламентот на Викторија

Македонец за Македонците..

Утре 24 Ноември во Викторија, Австралија ке се одржат парламентарни избори.

Оваа година на листата за пратеници се најде и Македонецот Никола Ставрески кој долги години живее во Мелбурн.

Битката за влез во парламентот како и обично се води меѓу двете најголеми партии во Австралија, а тоа се Либералната и Лабуристичката партија. 

Македонецот Никола Ставрески настапува како независен кандидат за населбите: Томастон, Лајлор, Епинг, Епинг Норт, Волерт и Мернда.

Утре е историски ден за Македонците од овие населби на Мелбурн.

Имено бројот на Македонци кои живеат во овие населби е повеќе од доволен и сосема е реална можноста Ставрески да биде избран и да ги застапува интересите на Македонците кои живеат во Мелбурн и Викторија.

Утре е вистински момент Македонците да излезат масовно на гласање и да се изборат за свој претставник во Парлментот на Викторија.

Ќе успее ли Никола да победи останува да видиме утре, но едно е јасно никој неможе повеќе и подобро да ги претставува интересите на Македонците од Македонец.

На сите кандидати им посакуваме многу успех на утрешните избори.

Македонец за Македонците, Македонците за Македонец.
Најголемата причина поради која што Никола Ставрески се кандидираше за пратеник на изборите е бидејќи Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус од Лабористичката партија изјави дека Македонија е Грчка, погледнете го видеото:


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top