Македонец најдобар студент на универзитетот во Оксфорд

Стефан Петревски е младо дваесетгодишно симпатично момче со позитивна насмевка и соништа кои му се остваруват..

Навидум не се разликува од своите врсници. Сака се што сакаат и младите луѓе на негова возраст. Веслање, ноќен живот, излегувања, девојки. Но најмногу од се сака математика. Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети Оксфорд. Себе си се гледа како човек на кого математиката ќе му биде главна преокупација во животот, а иако го пропатувал светот за 24 инфо вели дека знаењето планира да го донесе во својата Македонија.

Приказната за Стефан започнува во основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци каде всушност осознава дека математиката ќе му биде ѕвезда водилка во животот. Од основното училиште всушност почнуваат и ситеуспеси по натпревари за математика благодарение на кои добива и целосна стипендија од средното меѓународно училиште „Нова“.

-Во втора година средно веќе бев подготвен за нови предизвици. Дознав за меѓународната програма на Светски обединети колеџи. Тоа е посебен модел на оперативно образование. Бев подготвен и сакав да видам нешто ново. Се брзо се случи. Аплицирав и добив стипендија и преку Македонскиот национален комитет од кој сега јас сум дел завршив како дел од програмата на 16 години во Канада. Целата на оваа програма е во мало школо од 150 деца да се соберат што повеќе држави. Кај мене имаше 85 националности од исто толку држави. Училиштето беше во Британска колумбија, на марина во Тихи океан со триесетина професори каде функциониравме сами за себе. Училиштето беше како големо село само за себе. Еден час пешки бевме од најблиското село.. Тука останав две години од каде потоа дојде Окфорд. Конкурирав на петнаесетина универзитети во Америка и Англија но желбата ми беше Окфорд и матаматика.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top