Македонец од Австралија стана амбасадор на Џејми Оливер за Австралија

Џорџ, или како што го викаат неговите Македонци, Гоце Геoргиевски, е роден во Австралија, кадешто неговите родители дошле во далечната 1968 година..

За него, како впрочем и целиот свет,  дознавме преку неговиот блог Schoollunch box, како и преку неговите профили на Инстаграм и Фејсбук кадешто сега има повеќе од 100 илјади следбеници од целиот свет.

Неодамна тој потпиша договор и официјално стана амбасадор на Џејми Оливер, во Австралија и Нов Зеланд.

Тоа значи дека ќе го претставува секаде кадешто ќе ги подготвува неговите нови рецепти и ќе ја шири неговата филозофија која е и негова и со која и го привлече неговото внимание, а тоа е, похранлива, поздрава и повкусна исхрана за децата ширум светот, во нивните домови и во училиштата.

Џорџ е познат и како „Lunchbox dad“ и е вистински експерт за креирање на возбудливи, нутритивни и убави на око оброци за неговите две ќерки, или како што тој ги вика „чупиња“, секое утро.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top