Македонец од Мелбурн се вработи во Обединетите нации во Њујорк

Македонците во Австралија се гордеат со успесите на Ананија Ананиевски.

Македонецот Ананија Ананиевски е младо момче роденo во Мелбурн.

Тој е еден од најуспешните млади Македонци во Австралија.

Уште како дете Ананија бил одличен ученик и со одличен успех го завржува средното образование во „Trinity Grammar School Kew.“

Ананија има завршено не два, туку 3 факултети во Австралија - Меѓународни односи на La Trobe University и Теологија на Holy Trinity Orthodox Seminary, како и факултет по медицина.

Ананија како младо момче успева да се вработи во парламентот на Викторија каде работи од 2009 до 2014 година.
Подоцна од 2014 до 2016 година работи во Австралискиот парламент во Канбера.

 Во 2016 започнува да работи во владата на Австралија во министерството за надворешни работи и трговија.

Тој исто така е и еден од поистакнатите млади Либерали во Викторија, а исто така е и голем верник и политувал на православната религија поради што решава и да студира Теологија.

Она што Ананија го прави посебен и со што слободно може да се закити со епитетот најуспешен млад Македонец во Австралија е сето горе наведено, но и најновата позиција која што Ананија ја добива, а тоа е Втор секретар на Постојаната мисија на Австралија во Обединетите нации во Њујорк, за секторот за јавно здравство, меѓународен развој и епидемиологијата.

Но исто така во исто време станува и дел од екипата за конзуларни и дипломатски односи помеѓу Австралија и Тихоокеански острови во Океанскиот континент.

Ние му честитаме на Ананија за неговиот успех и му посакуваме уште повисоки позиции затоа што Македонската заедница се гордее со него.

Ананија поседува високи вредности и како карактер и затоа е почитуван како од Македонците така и од Австралијаните и сите останати нации што живеат во Австралија и пошироко.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top