Македонец од Перт добил огромна казна за неплаќање работници од неколку недели

Благојче Доневски, бизнисмен од Австралија по потекло од Македонија, добил една од најголемите казни досега за недавање плата на своите работници од по само неколку недели..

Македонец, жител на Перт и неговата фирма за чистење добија рекордна казна од 306.000 австралиски долари затоа што ги експлоатирале младите работници од странство, а судијата остро ја критикуваше индустријата дека е „позната“ по ваквата практика.

Извесен Бил Донески од Перт, за кој австралиските медиуми пишуваат дека е со вистинско име Благојче Џонески, доби казна во висина од 51.000 долари, а неговата фирма „Голдфингер фасилити менаџмент“ е казнета со 255.000 долари од страна на федералниот окружен суд. Фирмата на Џонески имала договор за чистење на хотелот „Мелбурн“ во Перт во 2014 година. Четири собарки, од кои три од Јужна Кореја и една од Велика Британија, престојувале во Австралија со туристичко-работни визи и не добиле плата за некаде меѓу две и четири недели работен однос, со тоа што работодавецот вкупно им должел 9.359 долари. Три од работничките биле на возраст под 25 години. 

Еден Индиец што бил вработен како експерт за маркетинг исто така не добил плата, иако требало да му бидат исплатени повеќе од 4.000 долари за работен однос во времетраење од 18 недели. На шести вработен, кој бил австралиски жител и бил генерален менаџер во „Голдфингер“, му бил исплатен дел од платите, но му биле скратени повеќе од 13.000 долари. 
Судот исто така пресуди фирмата да им го исплати долгот од 26.627 долари на шесте работници. Судијата Антони Лучев наведе дека фирмата „Голдфингер“ целосно ги занемарила нејзините правни обврски како работодавец и немало никакво покајување, жалење или признавање на вината од страна на Џонески и на неговата фирма.

- Судот, исто така, донесе заклучок дека сега речиси е познато дека постојат значителни злоупотребувања на исплаќањето на платите и на работничките права во комерцијалната индустрија за чистење - порача судијата.
Џонески претходно имал забрана од страна на АСИК да управува со корпорација во времетраење од три години изречена во мај 2010 година, затоа што бил вмешан како директор во четири пропаднати фирми за чистење. 

Казните се втори по висина што ги има изречено народниот правобранител за случај во Западна Австралија и седми по висина во државата, од кои три се однесуваат на бизнисите со чистење. Највисоката казна од 343.860 долари во Западна Австралија била изречена за фирмата за чистење „Хаускипинг“ од Перт и за директорката Кетрин Пејно-Поуви во 2013 година затоа што намерно им кратела плати на шест чистачи, вклучувајќи пет странски работници.

Извори: МКД.мк

WA Today


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top