Македонец од Сиднеј избегна затворска казна

Туристички агент кој лажел за рак и ги зел парите од својот работодавец, ибегна затворска казна..

Тони Петровски, поранешен вработен во "Imperial China Tours", украл речиси 430.000 долари и тврдел дека му е потребен паричен надоместок за лекување, но сето тоа му се вратило кога објави фотографии од својот одмор на социјалните медиуми.

Во период од пет години направил 82 неовластени трансакции и ги префрлил парите од банковните сметки на три компании во сопствената сметка.

Во 2016 година, Петровски му рекол на својот шеф дека страда од ретка, агресивна форма на рак и зема 25 денови одмор.

Ги прифатил паричните исплати од работа и им кажал дека парите се за неговиот третман.

Петровски беше осуден на три години затвор, но ќе му биде дозволено да ја служи својата казна со 750 часа бесплата добротворна работа (community service).


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top