Македонец во Мелбурн во притвор поради убиството на својата сопруга

Телото на Елејн Пандиловски беше пронајдено во нејзиниот заден двор, а нејзиниот сопруг Зоран Пандиловски е осомничен за убиството.

Елејн Пандиловски (44) беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Мил Парк на „Hawes Drive“ околу 9.30 часот во вторникот од страна на полицијата која спроведуваше проверка за благосостојба.

Нејзиниот сопруг, Зоран Пандиловски (45) е уапсен и беше во болница под стража во средата, откако беше вмешан во сообраќајна несреќа во вторникот наутро.

Тој не е обвинет.

Тие имаат мал син. Г-ѓа Пандиловски работеше како помошник наставник во Основното училиште „Plenty Parklands“ во Мил Парк.

Алармот се кренал кога таа не се појавила на работа во вторникот. Членовите на семејството отишле во нејзината куќа да ја бараат, но не можеле да ја најдат.

Синот во тоа време бил кај неговата баба.

Еден член на семејството, кој не сакаше да биде именуван, рече дека роднините кои отишле во куќата го виделе нејзиниот автомобил во гаражата и сфатиле дека не била на работа.

Тогаш била повикана полиција. Тие го пребарале имотот и го пронајдоа телото на г-ѓа Пандиловски во задниот двор на куќата.

Роднината изјави дека г. Пандиловски бил вмешан во сообраќајна несреќа во вторникот наутро и бил однесен во болница.

Полицијата соопшти дека двата автомобили се судриле на „David Road“ кај планината Котрел - околу 50 километри од домот на г-ѓа Пандиловски - околу 10.30 часот во вторникот.

„Се верува дека судирот може да биде поврзан со убиството на Елејн“, рече портпаролката на полицијата.

Извор: The Age


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top