(ВИДЕО) Македонецот ја запали Шпанија: Барди застана до Роналдињо, Меси и Роналдо

Заедно со утрешниот натпревар меѓу Реал и Баерн, во Шпанија главна тема се двата гола на Енис Барди од слободен удар против Атлетик Билбао со кои му донесе опстанок на Леванте во Ла Лига..

Но, освен тоа, македонскиот репрезентативец направи нешто што не им успеало на многу големи ѕвезди во најсилната светска фудбалска лига. На пример, два гола од слободен удар на еден натпревар во шпанското првенство не успеал да постигне ни најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.

Такво нешто во 21. век, покрај на Барди, им успеало само на шестмина фудбалери меѓу кои и Роналдињо и Кристијано Роналдо. Другите се: Мичел од Рајо Ваљекано, Дуда од Малага, Виктор од Ла Коруња и Бењат од Бетис.

Во уште една категорија Барди застана до Лионел Меси. Аргентинецот оваа сезона има најмногу голови од слободен удар – шест. Нашиот фудбалер е втор во оваа класификација со четири.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top