Македонецот од Мелбурн ќе игра за Македонската фудбалска репрезентација

Квалитетно засилување за Македонската фудбалска репрезентација.

Македонскиот фудбалер, Роберт Стамболџиев е на прагот да заигра за македонската фудбалска репрезентација, откако за тоа голем интерес пројавија раководните лица на македонската фудбалска федерација. 

Роберт е роден во Мелбурн, но неговите родители се до битолско.

За квалитетот на Стамболџиев доволно говори фактот дека тој веќе има 7 настапи и 2 гола за австралиската млада репрезентација, но бидејќи нема настап за најсилната репрезентација на Австралија може да заигра за нашиот состав според правилата на ФИФА. 

Стамболџиев е фудбалер од средината на теренот, место кое е најболна точка во нашиот национален тим.

Кариерата Роберт ја започнал во австралиски Престон Лајонс, кој всушност е клуб на македонските иселеници во Австралија. Во 2009 година се сели во Европа и тоа во грчкиот гигант Панатинаикос, со кој стана првак на Грција во сезоната 2010/11. 

По две сезони се сели во Кавала, па Продефтики и Трасиволос. 

Во 2012 година Грција ја менува со Кипар, каде игра во дресот на Олимпијакос Никозија.

На Кипар игра и за АЕК Куклиа, а во овој преоден рок потпиша за Ники Волос, со што направи кам-бек во Грција. 

Процедурата за македонски пасош за Роберт Стамболџиев е во тек, по што тој и официјално ќе добие повик од македонскиот селектор Бошко Ѓуровски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top