Македонија добива датум за преговори во јули

Земјава најверојатно ќе добие датум за предпристапни преговоти во јули. Ова го истакна претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер..

Тој на заедничката конференција со премиерот Заев рече дека ЕК ќе даде се од себе таа одлука да се донесе ова лето.

Премиерот Заев пак рече дека е убеден оти таа одлука ќе се донесе летово истакнувајќи дека тоа Македонија го заслужува 100 отсто.

-Верувам дека во текот на летово ќе се донесе одлука за датум за почнување преговори. Нема посилна мотивација за целиот регион, како и за Македонија-рече премиерот.

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан изјави дека отворањето на преговори со Македонија е значајно не само поради стабулност на регионот, туку и поради кредибилетот на ЕУ која така би ја наградила земјава поради напорите да се усвои Преспанскиот договор со Грција.

Според Хан, тој договор може да има големо влијание на целиот регион.

-Доколку земата направи се што се барало од неа, а не е соодветно наградена, тоа не е добар стимуланс. А ако се случи спротивното, тоа би ножело на пример, да покрене преговори меѓу Белград и Приштин-кажа Хан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top