Македонија е пред чиста и позитивна порака од ЕК, доаѓаат и Хан и Могерини

Република Македонија по неколку условени препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ, овој пат од Европската комисија очекува позитивна и чиста препорака за започнување на овие процеси кои ќе дадат ново струење во евроинтеграциите..

Секако, самата препорака не значи и дека веднаш ќе ги започнеме преговорите за членство бидејќи таа подоцна ја оценува Советот на Европската Унија каде да потсетиме дека Грција повторно има право на вето со проблем за името кој и натаму не е решен.

Извештајот на ЕК треба да биде познат утре со сите забелешки, коментари и препораки, со целокупна оценка за напредокот на демократските процеси.

Потоа следниот ден на официјална посета на Скопје доаѓаат еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јонанес Хан, како и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. 

Владата е оптимист и смета дека Извештајот ќе содржи чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа го потврдија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи и на отворениот брифинг за новинарите.

– Од она што ние го знаеме и имаме информации и од тоа што го гледаме, заслужуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ, рече Заев.

Османи го темели својот оптимизам на тоа што, според него, Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти.

Вицепремиерот најави дека реформите ќе продолжат и по оценката за напредокот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top