Македонија и САД заеднички во сајбер-одбраната

Министерството за одбрана на Република Македонија и Соединетите Американски Држави почнаа со размена на најдобри практики во доменот на сајбер-безбедноста и изградбата на одбранбени капацитети во оваа област.

„Според новиот стратешки одбранбен преглед на Министерството за одбрана, сајбер-просторот станува цел на растечки закани во светот, но и кај нас. Во согласност со овој стратешки документ неопходно е Република Македонија да развие сопствени капацитети со кои ќе се справува со ваквите закани, ќе ги открива и навреме ќе ги спречува. Одбранбената соработка меѓу Република Македонија и САД е дел од неодамна објавената стратегија на САД за сајбер-одбраната, која предвидува соработка со сојузниците и партнерите со цел размена на информации и јакнење на капацитетите во оваа област“, се наведува во соопштението.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top