Македонија ја покори Хаифа - Пандев конечно го прекина голгетерскиот пост

Репрезентацијата на Македонија успеа да оствари вечерва гостинска победа во Хаифа, против домаќинот Израел со 1:0..

Победата апсолутно ја заслуживме, пред се поради иницијативата која што ја имавме, но и многуте пропуштени шанси за реализација на гол. Во првиот дел дури ни поништија и регуларен гол, имавме и дирек пред полувремето, но сепак голот дојде во вториот дел.

Една одлична топка на Елиф Елмаз до Горан Пандев, и Македонија води со 1:0од 73. минута. До крајот Македонија го сочува водството и запиша втора победа во овој квалификациски циклус за СП 2018.

Позицијата за нас останува иста на табелата, 5то пласирана репрезентација, но сега на само -3 во однос на Израел кој има 9 бодови.

Од преостанатите натпревари во нашата група Г, Шпанија оствари сигурна победа против Италија со 3:0, два гола постигна Иско, додека еден беше дело на Алваро Мората, додека и Албанија денеска оствари победа против Лихтенштајн со 2:0, за 3. позиција во нашата група, веднаш зад Шпанија (19) и Италија (16).

Во натпреварите од групата И, Украина на домашен терен оствари лесна победа против Турција со 2:0, таму Јармоленко беше двоен стрелец. Од истата група, мечот помеѓу Хрватска и Косово беше прекинат при 0;0 резултат поради поројниот дожд кој паѓаше во Загреб, додека Финска оствари прва победа во квалификацискиот циклус против Исланд со 1:0.

Од групата Д, Велјс со минимални 1:0 ја победи селекцијата на Австрија, стрелец беше Вудбурн, додека Србија ја совлада Молдавија со 3:0 и се зацврсти на 2. позиција, додека Грузија против Ирска одигра само 1:1. Во оваа група, водечка е Србија со 15, следуваат Ирска со 13 и Велс со 11 бодови.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top