Македонија ја укина мерката за условен увоз на брашно

Македонската Влада ја укина мерката за условен увоз на брашно што важеше за земјите од Цефта регионот.

Македонската Влада ја укина мерката за условен увоз на брашно што важеше за земјите од Цефта регионот. Од утре на полноќ, завршува мерката која беше воведена заради заштита на домашниот пазар од неконтролираниот увоз. 

Од владата велат дека одлуката била донесена откако било констатирано дека пазарот во овој сегмент бил стабилизиран. Оттаму се уверени дека со ова ќе биде ставен крај на трговската војна меѓу Македонија и Косово.

Косовските медиуми доцна синоќа јавија дека во текот на денов ембаргото ќе биде симнато од косовска страна, што пак треба да повлече и прекин на блокадата на транспортерите од македонска страна и мерката за влез во земјата со плаќање на такси за патниците и возилата.

Вицепремиерот Владимир Пешевски информира дека за одлуката веднаш била известена и владата во Приштина:

„Дел од министрите ја информираа косовската страна, косовските медиуми веќе пишуваат дека ќе има позитивни реакции, се надевам дека наскоро се ќе се реши“ - изјави Пешевски.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top