Македонија некомплетна на гостувањето кај Естонија во Лига на нации

По победата над Косово пред два дена во Скопје во рамки на полуфиналето од минатата сезона во Лигата на нации, сега на нашата репрезентација и претстои меч од групната фаза во Лигата на нации од оваа сезона против Естонија нагости..

Репрезентацијата ги продолжува настапите во Лига на нации оваа сезона, иако сите со нетрпение го очекуваат месец ноември, кога Македонија ќе го има историски гледано, најважниот меч, вечерта кога секој ТВ приемник во Македонија ќе биде вклучен и ќе гледа фудбал.

Сега им следува гостување во Естонија, а момците на Игор Ангеловски веќе отпатуваа за Талин, за утрешната пресметка.

Со екипажот за Естонија не отпатуваа тројца наши репрезентативци поради повреди, Бејтулаи, Тошевски и Аријан Адеми.

Доколку погледнеме во статистичкиот параметар, Македонија има две победи Естонија со 4:2 и 1:0, па важиме за фаворит на оваа средба.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top