Македонија падна 23 места на листата на најиновативни економии во светот

Македонија падна 23 места на листата на најиновативни економии во светот. Извештајот за 2018 кој ги анализира состојбите од 2017 година ја смести земјата на 84 место од 126 држави во светот..

Од Фондот за иновации и технолошки развој не се изненадени од ваквата позиција на Македонија бидејќи таа велат се однесува за состојбите во 2017 и не ги опфаќа резултатите од работата во изминатите 10 месеци.

„До август 2017 година реализацијата на програмите за иновации спроведувани преку Фондот за иновации, финансирани од Светската банка беше под 10%. Финансиската поддршка од Владата за иновации прв пат се воведе во 2018 год. Значи, предходно воопшто не може да зборуваме за било каква системска поддршка за развој на иновациите, а со тоа и на конкурентноста. Резултатите од оваа година,ќе ја изменат сликата на Глобалниот иновациски индех на земјата бидејќи веќе имаме веќе 20 нови компании што користат средства од државата за иновации а нови 80  ќе добијат поддршка од државата веќе утре преку третиот столб од Планот за економски раст“ –  Фонд за иновации и технолошки развој

Глобалниот индекс на иновативност насловен  “Да му дадеме енергија на светот со иновации се пресметува според 80 различни индикатори преку кои се прикажува визијата за иновативност односно истражува како лидерите во глобалните иновации го обединуваат знаењето, истражувањето и развојот на компаниите за да ги решат идните енергетски предизвици.

Македонија е најдобро позиционирана  во категоријата “институции” која го мери политичкото, законското и бизнис опкружување  а најлош резултат покажува во категоријата “креативен резултат” која ги мери бројот на брендови, филмови,медиуми, ажурирања на Википедија, мобилни апликации и др параметри. Подобро од Македонија се рангирани сите земји од регионот.

Во извештајот за прв пат Кина доби место меѓу топ 20 најиновативни економии а САД отпаднаа од првите 5 на листата.На прво место, веќе 9 години по ред е Швајцарија.

Извор: Телма


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top