МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПОСЛЕДНАТА ПРЕПРЕКА: Уставните измени за Заев се патриотски избор

Во Парламентот денес продолжува седницата за уставни измени, обврска која потекнува од Преспанскиот договор со Грција..

На самиот старт на седницата премиерот имаше говор а зборувајќи за клучните уставни амандмани кои се дел од Преспанскиот договор , Заев им рече на пратениците, дека потпишувајќи го тој договор, земјава конечно го завршува повеќедеценискиот спор со кој се признава македонскиот идентитет и јазик.

-Ова е историски и патриотски избор. Можеме да бидеме генерација која добела храбра одлука-рече премиерот.

Седницата е одложена за денес, а се очекува расправата да трае до петок. 

Пратениците ќе расправаат за 10 амандмани на нацрт уставните измени, од кои шест ги предлага Алијансата за Албанците, три опозициската БЕСА,  а еден независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата и да присуствува на пленарната седница.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top