Македонија пукна во последните 15 минути, но и реми ништо немаше да значи

Македонската репрезентација со пораз од 0-2 се враќа од гостувањето во Полска со што шансите за пласман на Европското првенство преку квалификациите ги сведе на теорија..

Нашата селекција беше во подредена позиција во текот на речиси целиот меч во Варшава, но головите ги прими во последните 15 минути. Прво погоди Франковски, а потоа и Милик за победа на Полјаците кои со ова се веќе учесници на континенталниот собир.

Сепак, не треба многу да тагуваме бидејќи и реми немаше да ни заврши работа затоа што Австрија славеше на гостувањето во Словенија и и недостасува бод во последните два меча за пласман на Европското првенство. Нам ни остануваат дуелите со Австрија во Виена и Израел а домашен терен за барем да го сочуваме третото место што би бил најдобар пласман за нашата репрезентација во едни квалификации. Потоа треба да се сконцентрираме на плеј-офот од Лигата на нации, најверојатно против Косово кој, едноставно, мора да се добие.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top