„Македонијо благодарам!“: Мелани второто место го посвети на татковината

По огромниот успех, 15-годишната Мелани им се заблагодари на своите фанови и на цела Македонија:.

“Мене прв пат ми се случува и јас не знам како да се обратам, ама ќе бидам исрена навистина сум пресреќна. Мојот животен сон е музиката, таа е мојот воздух.

Пријатели ви благодарам што ме поддржавте на YouTube каналот. Македонијо моја ви благодарам на сите,, без вашата поддршка и наградата е ништо”.

Почитувано жири од 39те држави ви благодарам за втората освоена награда и што верувавте во мене. Почитувани медиуми од Македонија ви благодарам и вам што застанавте позади мене, што ме поддржавте и што ми дадовте поттик да бидам уште подобра.

Пред се сум горда што ја претставував нашата држава Република Македонија и јас со мојата возраст го доживеав првиот успех за кој што сум сигурна нема да биде последен.

ВЕ САКАМ СИТЕ И ВИ БЛАГОДАРАМ❤ Мелани”

Во продолжение слушнете ја нејзината изведба и уживајте:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top